По повод Курбан Бајрам: Бегалците на Табановце седнаа на Бајрамска трпеза

Сподели со своите пријатели

По повод празникот на жртвувањето, Курбан Бајрам, на првиот празничнен ден, активистите од Културно Хуманитарната Организација “Мерхамет” сервираа бајрамска трпеза и заедно со бегалците кои од Гевгелија со воз пристигнуваат на граничниот премин Табановце, заедно го прославија првиот празничен ден.

Loading...

11230587_434179343438332_9199752127030739102_n

На бегалците им беа поделени пакети со храна, а за децата освен храна,  имаше и празнични пакетчиња со играчки.

12039302_434179396771660_926649883353603484_n

Бегалците беа воодушевени со пречекот, а и благодарни во истовреме, затоа што сепак некој мисли на нив и на дочек на празникот во повесел и погрижлив амбиент, вели Беким Алиу, активист на КХО “Мерхамет”.

Соочувајќи се со бегалскиот бран, низ Македонија од 19 јуни до 24 септември, според податоците на МВР, издадени се вкупно 94.842 потврди за странски државјани, кои бегалци и мигранти во меѓувреме се пречекани и испратени од граѓански активисти на повеќе невладини организации, како и тимовите на Црвен Крст.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.