По падот на тоталитарниот режим Албанија ја напуштиле околу 1,7 милиони граѓани

Сподели со своите пријатели

Државниот Институт за статистика на Албанија потврдува дека вкупниот број албански граѓани кои живеат во странство изнесува околу 1,7 милиони.

Loading...

Само минатата година земјата ја напуштиле 47.000 со што албанската дијаспора се зголемила за 2,6 отсто само за една година

-Демографите очекуваа имиграција да се стабилизира по првите две децении на транзиција, но случувањата тргнаа во спротивна насока, со продлабочување на појавата. Со економската криза од 2008 година, либерализацјата на визниот режим со земјите членки на ЕУ во 2011 година и недостигот на економски просперитет, новиот бран емиграција силно се врати во 2015 година, кога околу 69.000 Албанци побараа азил во земјите-членки на ЕУ,пренесува Топ чанел телевизија.

Во претходното истражување за емиграцијата, ИНСТАТ објави дека во периодот 2011 – 2019 година Албанија ја напуштиле повеќе од 360.000,при што главната причина е од економска природа.

-Најголем број албански емигранти има во Грција, Италија, Германија и Велика Британија. Податоците на анкетата на американската заедница за 2019 година покажуваат дека првата генерација албански државјани во 2019 година е 99.000 , додека втората генерација е повеќе од 115.000 кои живеат во Соединетите Американски Држави, наведува во последната анализа весникот Монитор, врз основа на целосните податоци на Институтот за статистика.

Меѓународната миграција има силно влјание во промената на популацијата во последните две децении.

Додава дека главната причина за падот на бројот на населението во последните два пописа беше големата емиграција на албанските граѓани.

-Во Албанија, како и во другите земји, миграцијата вклучува особено млади луѓе кои мигрираат од причини за вработување, можности за образование и семејни причини.Тоа секако директно влијае и врз прирастот на населението,констатира „Монитор“.

Loading...

Според податоците на ИНСТАТ објавени на почетокот на оваа година бројот на резистентно население во Албанија е над 1,4 милиони.

Вера Тодоровска, Тирана

Leave a Reply