По ова откритие, теоријата за настанокот на човекот на стаклени нозе

Сподели со своите пријатели

Идејата дека модерниот човек еволуирал во Источна Африка пред 200.000 години на удар е по откритието на 300.000 години старите човекови остатоци во еден марокански рудник.

 

 

Фосилите откриени во стариот рудник во зафрлените марокански планини ги протресоа темелите на една од најдолгите теории за развојот на модерниот човек – дека хомосапиенсот има потекло од „лулката на човештвото“ во источниот дел на Африка пред 200.000 години.

Докази за еволуцијата на видовите што можете да ги најдете на вашето тело (видео)

Археолозите по неколку години ископувања откриле коски од најмалку пет луѓе во Џебел Ирхуд, некогашен рудник за барит, околу 100 километри забадно од Маракеш.

Покрај тоа што знаеле дека остатоците се стари, биле изненадени ког стигнале резултатите од тестовите на датирањето на забите и камените алатки кои покажале дека потекнуваат од периодот од пред 300.000 години.

Многу се изненадив. Очвекував дека ќе бидат стари, но не толку – објаснува Жан Жак Хублин, научник од Институтот за еволутивна антропологија „Макс Планк“.

Како случајноста ја успорила еволуцијата на живите суштества?

Истакнува дека екстремната старост на коските ги чини најстари познати остатоци на модерните луѓе и претставува голем предизвик за идејата дека најраните членови на нашиот вид еволуирале од расјките врата во источна Африка пред 200.000 години.

Ова ни дава целосно поинаква слика на еволуцијата на нашиот вид. Тоа значи дека процесот на еволуција одел многу далеку во минатото. Изгледа дека нашиот вид бил присутен по цела Африка пред 300.000 години. Покрај тоа постоела „рајската градина“, таа можеби била со големина на целиот континент – тврди Хублин.