По офанзивите од воздух, Турција започна и копнена офанзива на Сирија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници влегоа во северо-источна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, покренувајќи копнена офанзива против борците на курдската милиција.

Loading...

Само неколку часа откако ја нападнаа курдската територија со авиони и артилерија, Турција започна копнена офанзива, јави Би-Би-Си.

Турските трупи и нивните сојузници од сириските бунтовници влегоа во областа источно од Еуфрат, соопштија турските власти.

Претходно, турските воени авиони и артилерија ги гаѓаат позициите на курдските борци во прекуграничната воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Сириските набудувачи во курдските области велат дека најмалку осум цивили биле убиени во турските воздушни напади во североисточна Сирија, пренесува АП.

Британската сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Британија објави дека загинале осум лица, меѓу кои и двајца христијански асирци во градот Камишли, една брачна двојка со дете и маж во близина на Тал Абијада.

Според АП, едно дете е убиено во село западно од Камишли, како и човек во Рас ал-Аин.

Leave a Reply