Американскиот претприемач Илон Маск, по повод новиот обид за убиство на американскиот републикански кандидат Доналд Трамп, на социјалната мрежа Х објави дека „никој не се ни обидува да ја убие Камала Харис#, потпретседателката на САД и кандидатот на демократите на претстојните избори.
Неколку часа по атентатот на Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, Маск му одговори на еден од корисниците на платформата Х „Зошто сакаат да го убијат Доналд Трамп? со коментар: „И никој не се ни обидува да ја убие Камала“, со емоџи за размислување.
Маск потоа ја избриша објавата на платформата рано денеска и објасни дека тоа е „шега“.
– Па, една лекција што ја научив е дека само затоа што ѝ кажувам нешто на група, а тие се смеат не значи дека ќе биде смешно како икс пост. Излегува дека шегите се помалку смешни ако луѓето не го знаат контекстот и ако објавата е обичен текст“, рече тој.