По интензивниот дожд во текот на ноќта, денес врнежи од снег

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде со поинтензивни врнежи за разлика од вчера, а истите во текот на денот  почнувајќи од север ќе преминуваат во сне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што локално ќе предизвика создавање на снежни наноси.

Што се однесува до Куманово и околината во текот над енот ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од снег и ветер до 40 километри на час. Температурата ќе се искачи само до вториот степен во позитива, додека во теокт на ноќта истата ќе се спушти на -3.  Минималната температура измерена утринава изнесува 1 степен.

За време на викендот и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина околу 80 км/час, што ќе предизвика локално создавање на снежни нанос, предупредува УХМР.

Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.