По експлозиите на Кримскиот мост Путин формираше посебна комисија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи по големата експлозија која го оштети мостот на Крим.

Loading...

Тој добил извештаи од премиерот Михаил Мишустин, вицепремиерот Марат Куснулин и уште неколку официјални лица во врска со ситуацијата на мостот на Крим, јавува Гласот на народот.

Путин дал наредба да се формира владина комисија која што поскоро ќе ги открие причините за инцидентот и ќе ги отстрани последиците.

Ќе бидат вклучени и шефот на територијата на Краснодар и Крим, претставници на Националната гарда, ФСБ и Министерството за внатрешни работи.

Во име на претседателот на Русија, на местото на настанот излегоа министерот за транспорт Виталиј Савељев и шефот на Министерството за вонредни ситуации Александар Куренков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова е најзагаденото езеро на планетата: Еден час на брегот може да ве убие (ВИДЕО)

Штетата од експлозијата на мостот на Крим се проценува на 200-500 милиони рубљи (меѓу 3 и 8 милиони евра), соопшти Серуската асоцијација на осигурувачи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.