По еден месец градежниот работник од Куманово им подлегна на повредите

Сподели со своите пријатели

К.Т. (51) од населбата Ајдучка Чешма, им подлегна на повредите завчера на една од скопските клиники, откако скоро еден месец се бореше за својот живот, откако падна од скеле извршувајќи градежни работи во населбата Илинден.

Лекарите му извршиле и операција на главата, но имал и сериозна повреда на бели дробови, скршеници на ребра и други делови од телото.

Кобната несреќа се случи на 26ти минатиот месец во 12:30 часот во населбата Илинден, додека кумановецот вршел градежни работи во објект во изградба. Тој паднал од скеле кое било на висина од 3,8 метри, при што паднал во бесознание и почнал да крвари од носот.

Со возилот на Итната медицинска помош, тогаш беше однесен на Ургентен центар Скопје, а по еден месец ја загуби битката за животот.