Градежен работник од Куманово тешко повреден при работа

Сподели со своите пријатели

Како што информира Полициската станица Петровец, во текот на вчерашниот ден напладне било пријавено дека истиот ден во 12.30 часот во населба Илинден, во објект во изградба, лицето К.Т. (51) од Куманово, вработен во фирмата „Адора Инженеринг“, при вршење градежни работи, паднало од скеле во висина од околу 3,80 метри, по што паднал во безсознание и почнал да крвари од носот.

Со возило на Итна медицинска помош К.Т. бил однесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.