По долго време бројот на хоспитализирани во Куманово под 100, но нема место за опуштање

Сподели со своите пријатели

Бројот на хоспитализирани пациенти во Општа болница Куманово по долго време падна под 100, но како што вели директорката на установата Снежана Захариева, нема простор за опуштање затоа што болеста е сѐ уште тука.

Loading...

Во трите ковид центри и дневната болница вкупно има 93 пациенти, што е немалување во однос на минатата недела кога бројката на дневно ниво се движела од 115 до 119 пациенти.

– Оваа недела имаме благо намалување и ќе речам дека испод 100 пациенти се веќе, 93 се денеска и имаме 27 слободни места во трите ковид оддели, изјави Захариева.

Сепак директорката на кумановската болница вели дека нема простор за опуштање и треба сите да се придржуваат до мерките за заштита.

– Секое опуштање може да значи нов бран, а ова предолго трае, не само што персоналот веќе во континуитет работи во полна пареа, туку не е добро за здравјето на нашите граѓани, никогаш не знаете со каков тек ќе биде болеста. Кај некои минува со полесни симптоми, но кај некои предизвикува страшни компликации, не гледам причина зошто некој би си го изложувал здравјето на ризик, изјави Захариева.

Намалувањето на бројот на хоспитализирани пациенти, како што вели Захариева, треба да нѐ радува, но треба да останеме дисциплинирани ако сакаме уште да паѓа бројката и да дојдеме до состојба да се ублажат дел од рестрикциите.

Во однос на персоналот, работат сите лекари по принцип на ротација и секогаш се реализира целосна смена во трите ковид одделенија.

– Некоја ригорозна замена не можеме да направиме, се додека имаме три пункта мора да се менуваат по смени доктори и од другите бранши. На ковид 2 одделот интернистите се менуваат и работат во смени, а во ковид 3 одделот невролози и психијатри, мора така. Тие се како супервајзори на општите лекари кои дежураат, и специјализантите ги викнавме на помош, вели директорката.

Loading...

Се случува по некој од вработените да биде позитивен на вирусот, или некој од нивните членови на семејството, па тие да одат во изолација, вели директорката, на напоменува дека болницата нема проблем со кадарот.

Никола Ивановски

Leave a Reply