Утре во 5 часот наутро завршува долгиот велигденски карантин, започнува работата недела која ќе донесе значителна временска промена.
Loading...
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на влажен воздушен бран денеска времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи.
Врнежите во текот на ноќта и утре ќе се поинтензивни, повремено пообилни (над 25л/м 2 ) во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час).
Утре во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 10 до 15 степени.
Никола Ивановски