По цена од 400 денари: На 15 октомври ќе започне вакцинацијата за сезонски грип

Сподели со своите пријатели

Со налетот на зимските температури, од 15 октомври ќе започне вакцинацијата против сезонски грип, најави денес д-р Јадранка Костовска, државен советник во Министерството за здравство.

Loading...

Во Република Македонија увезени се 31.000 дози вакцина против грип и до крајот на оваа недела ќе бидат дистрибуирани во сите центри за јавно здравје во државата.

Според Костовска, увезената вакцина е произведена согласно препораките на Светската здравствена организација, и штити од три типа вирус на грип и тоа А (Х1Н1), типот А (Х3Н2) и од групата Б. Вакцината е од холандскиот производител Абот.

– Сите граѓани кои се заинтересирани да се вакцинираат треба да се јават во центрите за јавно здравје и да се вакцинираат. Вакцината е препорачана најмногу за постарите лица, хроничко болните лица, посебно оние со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, дијабетес, како и за бремени жени, здравствени работници и за мали деца со намален имунитет, вели Костовска и додаде дека вакцинирањето против сезонски грип чини 400 денари.

На денешниот прес, Костовска посочи дека од почетокот на август, во сите служби за имунизација започна вакцинацијата со шествалетните вакцини, а во првата недела од септември и со петвалентните вакцини.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.