По бунтот на Вагнер, една стара снимка од Путин стана вирална (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видеото од интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин од пред неколку години сега е широко споделено на социјалните мрежи до таа мера што стана вирално по вооружениот бунт во Русија за време на викендот.

Loading...

На видеото новинарот го прашува Владимир Путин дали е склон да простува, односно дали може да им прости на луѓето околу него, пренесува Јутарњи лист.

„Да, но не сите…“, одговара Путин.

„Што не можете да простите?“, го праша новинарот.

„Предавство“, рече рускиот лидер.

Ова видео, иако не се знае кога е снимено, натера многумина да размислуваат за водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој ги предводеше своите платеници на маршот кон Москва во саботата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рјабков: Преговорите со Америка не се неопходни по секоја цена

Некогаш беше човек близок со Путин и се збогати благодарение на него. Кога избувна бунтот во саботата, Путин потегот на Пригожин го нарече предавство и нож во грб.

Подоцна истиот ден Пригожин решил да го сврти конвојот и да ги повлече своите борци, а од Кремљ било соопштено дека лидерот на Вагнер ќе замине во Белорусија и дека гаранција за тоа е зборот на Путин.

Loading...

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.