11.05.2018 13:53

По 7. пат во Куманово Државно првенство во атлетика за основци (ФОТО)


Атлетската патека во Куманово денеска беше домаќин на Државното првенство во атлетика за околу 300 ученици 15 градови, односно 30 основни училишта од цела Македонија.

 

 

Организатор на настанот е Федерација на училишни спортови на Македонија преку општинскиот сојуз на спортови Атлетскта федерација, а со техничка асистенција на Атлетски клуб Куманово.

– Домаќини сме затоа што ни даваат предност поради преубавиот атлетски полигон каде што учениците ќе имаат прилика да постигнат врвни резултати поради самата стаза, патеките, но и самата организација. Оваа манифестација е една од најголемите по бројот на учениците кои доаѓаат на овие натпревари, лани имавме 270-280, сега сигурно имаме над 300, интересот за атлетиката се повеќе се зголемува. Нашите учесници од Куманово се надевам ќе постигнат добри резултати, но за оваа организација е потребно малку поголемо време, настојуваме да бидеме добри домаќин, и да може оваа манифестација да помине во најдобар ред, изјави Миле Јорановски од Федерацијата на училишни спортови.

 

 

Атлетскиот клуб Куманово е домаќин на организацискиот дел и техничката поддршка на целиот натпревар кој се одржува во повеќе категории.

– Атлетски клуб Куманово во соработка со федерацијата е домаќин на една беспрекорна манифестација, имаме електроника од федерацијата така да ќе најфер ниво, иако станува збор за мали дечиња, организацијата е како на најдобрите натпревари во Македонија. Има посебна масовност оваа година, бидејќи се внесува натпревар за 6. и 7. одделение, не радува и учеството на некои училишта од Куманово. Од големо значење е што сме домаќини, поедноставно е да учествуваат повеќе ученици на државно првенство во атлетика, да го осетат чувството да се настапи на патека, мене тоа ме радува, порано немавме атлетска патика, почнувајќи од мене, во мојата кариера јас немам ниту еден настап на домашен терен, па се надевам дека нешто повеќе правиме децата сега да го искусат тоа, изјави Филип Колевски, тренер на АК Куманово.

 

 

Куманово низа години е домаќин на настани во атлетиката, годинава беше домаќин на Државното првенство во кошрка, минатата година се одржа и Гимназијадата за средношколци, а ќе следната недела не очекува нов спортски настан.

– Пред се имавме овдека една прекрасна манифестација тоа е државно првенство во кошарка, покрај државното првенство во кошарка и сега атлетика, имаме уште едно државно првенство во пливање што ќе се одржува на градскиот базен во Кумано на 17 мај, изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на Општинск сојуз на спортови на град Куманово.

 

 

Најдобрите атлетичари денеска ќе добијат признанија за своите успеси, заедно со медали, а пофалници ќе има и за нивните ментори и училиштата кои ги претставуваат.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments