Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека министерот за одбрана Алексеј Резников оваа недела ќе биде сменет од Рустем Умјеров, претставник на Кримските Татари.
Зеленски го објави тоа на неговиот официјален профил на Телеграм.
„Решив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Алексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена целосна војна. Сметам дека на Министерството му се потребни нови пристапи и други формати на интеракција и со армијата и со општеството во целина. Сега со Министерството треба да раководи Рустем Умеров“, напиша тој.
Соопштението дојде откако две лица беа хоспитализирани во неделата по тричасовниот напад на руски дронови врз пристаништето во областа Одеса во Украина.
❗️I decided to replace the Minister of Defense of Ukraine, Zelensky announces that this week the parliament will be asked to approve the replacement of Reznikov with Rustem Umyerov
“Aleksii Reznikov went through more than 550 days of full-scale war. I believe that the Ministry… pic.twitter.com/66iS3s3Zto
— 🇺🇦Ukrainian Front (@front_ukrainian) September 3, 2023
Нападот на пристаништето Рени беше извршен еден ден пред рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган за да разговараат за обновувањето на снабдувањето со храна од Украина според Црноморскиот договор за жито што Москва го укина во јули.
Руските сили истрелаа 25 беспилотни летала „Шахид“ од иранско производство долж реката Дунав во раните утрински часови во неделата, од кои 22 беа соборени од воздушната одбрана, соопшти украинското воздухопловство на Телеграм.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, го опиша нападот како дел од настојувањето на Русија „да предизвика криза со храна и глад во светот“.
Министерството за одбрана на Русија во соопштението наведе дека нападот бил насочен кон складишта за гориво што се користат за снабдување на армијата на Украина.
Долгоочекуваната средба меѓу Путин и Ердоган треба да се одржи во понеделник во Сочи, на југозападниот брег на Русија.
Турските власти потврдија дека ќе разговараат за обновување на црноморската иницијатива за жито, од која Кремљ се повлече пред шест недели.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.