18.06.2018 11:32

По 40 години на фудбалските терени кумановецот Зоран Митковиќ замина во пензија (ФОТО)


Со пријателски натпревар викендов во Четирце помладите колеги му одадоа признание на Зоран Митковиќ кој по цели 40 години на фудбалските терени заминува во пензија.

Половина од својата работна кариера се наоѓа на чело на Фудбалскиот клуб Четирце кој годинава ќе означи јубилеј од 50 години постоење.

– После долгогодишно играње, завршувам со фудбалската кариера, играње на фудбал, така да оваа година и Фудбалскиот клуб Четирце слави 50 години од своето постење, оваа година бевме и шампиониа општинска фудбалска лига и мислам дека на овој ден беше ред да кажам збогум на фудбалот. Јас клубот го водам скоро 20 години и ќе продолжам да работам со млади деца и да опстои овој клуб со голема традиција, рече Митковиќ.

 

loading...

 

Митковиќ за себе има огромни успеси во кумановскиот спорт, има настапувано и за повеќе клубови, а љубовта која ја негува кон фудбалот е неизмерна. Клубот годинава ја освои и општинската лига во која со години наназад освојуваат некое од првите три места.

– Оваа година сме шампиони на општинска лига, така да како го водам јас ФК Четирце се сме први или втори, трети не сме биле никогаш. Јас имам играно за многу екипи, Куманово, ЧИК, Јуниор, Карпош во втора лига влеговме, така да 40 години активно играм фудбал. Не сум правел статистика, но голем број играчи поминале тука. И јас тука имам започнато со фудбалот, но имам играно повеќе во други екипи така да одлучив да ги водам јас и тука да завршам со фудбалската кариера, додава сега веќе пензионираниот Митковиќ.

 

 

Со свечена прослава по завршувањето на натпреварот беше одбележан јубилејот на клубот кој 50 години опстојува на кумановската скромна фудбалска сцена. На прославата присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој пак претходно најави заживување и поголема поддршка за фудбалот во градот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments