Брачниот живот што трае неколку децении е предмет на многу анегдоти и иронични приказни.
Еве една од нив.
Мажот ѝ рекол на својата сопруга, со која живеел 35 години, дека е премногу стара. И тој добил одличен одговор!
Херојот на приказната си дозволи да ѝ го даде следниов коментар на својата сопруга:
„Мила, пред 35 години имавме мал стан, стар автомобил, кауч, стар телевизор, но јас спиев со една убава 25-годишна русокоса. Денес имаме куќа од 500.000 евра, мерцедес од 45.000 евра, брачен кревет, телевизор со рамен екран во боја од 50 инчи… Но, јас спијам со 60-годишна жена…“
Комплимент за комплимент
На оваа забелешка, сопругата мирно одговорила:
„Сè е во ред. Те разбирам. Најди убава 25-годишна русокоса, а јас ќе се погрижам да бидеш со неа во мал стан со стар автомобил и да спиеш на каучот пред црно-бел ТВ“.