По 320 години, најстариот весник во светот повеќе нема да се печати

Сподели со своите пријатели

Најстариот весник во светот, виенскиот „Винер цајтунг“, го отпечати своето последно дневно издание речиси 320 години по неговото основање.

Loading...

„Виена дејли“ излегува од печатење и се префрла на онлајн издание, откако неодамнешната промена на законот го направи неисплатлив како печатен производ, пишува лондонски „Гардијан“.

Законот, кој беше усвоен од коалициската влада на Австрија во април, ја укина законската обврска за компаниите да плаќаат за објавување на јавни огласи во печатеното издание на нивните весници, со што се укинува Винер Цајтунг како официјален весник.

Промената го чинеше издавачот околу 18 милиони евра приход и го принуди весникот да укине 63 работни места, вклучувајќи го и редакцијата од 55 на 20.

„Винер цајтунг“ ќе продолжи да објавува онлајн и се надева дека ќе има свое месечно печатено издание, иако тој план наводно е сè уште во зародиш.

Весникот, кој е во сопственост на австриската влада, но е уреднички независен, почнал да се објавува во август 1703 година и има следено 10 цареви и 12 претседатели.

Во своето прво издание, „Винер цајтунг“ вети дека ќе обезбеди директна презентација на вестите „без никаков ораторски или поетски сјај“.

Во 1768 година, весникот известуваше за концерт на кој настапи „особено талентирано“ 12-годишно момче. Неговото име беше Волфганг Амадеус Моцарт.

Loading...

Кога Австрија беше поразена во Првата светска војна, весникот објави специјално издание со писмо за абдицирањето на последниот хабсбуршки император, Кајзер Карл.

Во своето последно дневно печатено издание во петокот, „Винер цајтунг“ објави едиторијал во кој го обвинува новиот владин закон и додава:

„Ова се бурни времиња за квалитетно новинарство… На се повеќе платформи сериозните содржини се борат за внимание со лажни вести, лажни видеа и теории на заговор“.

Во април, тиражот на весникот беше само 20.000 во работните денови, иако оваа бројка се удвои за време на викендите.

Арнолд Шварценегер беше еден од последните кои беа интервјуирани, заедно со поранешните австриски канцелари Франц Враницки и Волфганг Шисел.

Потпретседателката на Европската комисија Вера Јоурова за австриската новинска агенција АПА изјави дека „не е задоволна од ситуацијата“ во весникот.

„Мислам дека „Винер цајтунг“ одигра добра улога во информирањето на луѓето низ годините“, рече таа.

За време на три века печатење, тој весник имаше само еден принуден прекин.

Loading...

Откако Австрија беше припоена кон Хитлерова Германија, весникот беше затворен од нацистите во 1939 година.

Во 1945 година, додека Австрија сè уште беше под сојузничка окупација, повторно почна да се печати.

Се верува дека најстариот преживеан весник во светот е германската публикација Хилдесхајмер Алгемајне Каитунг, која првпат била објавена во 1705 година.