По 32 операции и 300.000 долари: Станал Азиец, па жена, а сега повторно маж

Сподели со своите пријатели

Британецот Оли Лондон (32) е интригантна појава на Јутуб сцената и некој кој предизвикува големо внимание на интернет, а во прилог на тоа говори и фактот дека неговата официјална занимање е „Интернет личност“.

Loading...

Тој првпат се појави во јавноста кога почна да прави бројни естетски операции за да личи на јужнокорејската ѕвезда на мегапопуларниот бенд БТС, Џимин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oli London (@londonoli)

 

Роден во Англија, неговиот интерес за јужнокорејската култура се родил кога бил во Сеул во 2013 година да предава англиски јазик.

Тука започнува неговата фасцинација со Џимин, популарниот пејач на БТС.

Оли отишол дотаму што дури и се оженил со картонска слика на Џимин во природна големина, велејќи насекаде дека тој е неговиот бог и дека секоја вечер се моли пред неговата слика.

Loading...

Многумина го нападнаа за масовните операции бидејќи сметаа дека е навредливо белец да се оперира на таков начин и да ги имитира Азијците, како и да се декларира како Јужнокореец.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oli London (@londonoli)

 

Имаше бројни дебати на оваа тема, а Оли уште еднаш излезе во очите на јавноста бидејќи многумина се расправаа за тоа дали некој од една раса може да се идентификува како друга (белците како црнци, белците како азијци итн.).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БРЗ ТЕСТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Проверете како ви работи мозокот со само овие три прашања!

Инаку, Оли имал 32 операции на кои потрошил над 300.000 долари, а 6 пати го оперирал носот, кревање и затегнување на очните капаци, лифтинг на лицето, подигнување на веѓите и затегнување на лицето околу очите, средување заби, а примил и инјекции за избелување на кожата.

Во 2021 година се изјасни како небирна личност и почна да ја користи заменката тие, наместо тој или таа.

Потоа во средината на 2022 година се декларираше како транс жена и „џендер флуид“ и рече дека сака да личи на Роуз од јужнокорејската група Блекпинк и дека ќе биде подложена на дополнителни операции за ќе личи на неа и ќе стане жена.

Loading...

Заминал во транзиција и бил жена неколку месеци, а потоа имал уште еден пресврт.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oli London (@londonoli)

 

Во септември минатата година тој им се извини на Џимин, БТС и на азиската заедница за „обидувањето да стане поинаква личност“.

Јутјуберот во своето видео со извинување рече дека нивниот идентитет бил компромитиран поради малтретирање на училиште, што предизвикало проблеми со самодовербата.

„Тоа беше голем фактор за да ја направам операцијата, бев несреќен, а исто така ја насочував мојата љубов кон Џимин“, рече Лондон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  42 милиони прегледи: Снимка од жирафи како се тепаат го насмеа ТикТок (ВИДЕО)

„Навистина се обидов да се угледам на таа личност бидејќи мислев дека тоа ќе ме направи среќна.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oli London (@londonoli)

 

Не можам да бидам поинаква личност“, вели во видеото. „Треба само да се сакам себеси. Почнав навистина да се сакам себеси“.

Имено, инфлуенсерот за американските медиуми изјавил дека, иако бил „привремено задоволен“ од она што бил во минатото, сфатил дека повеќе не сака „да се менува и да минува низ транзиција“.

32-годишникот во изјавата рекол дека „се враќа да биде маж“, а неговата биографија на Инстаграм сега ги наведува неговите заменки како тој.

Loading...

„Ми требаше малку време да размислувам навистина да бидам жена и сфатив дека тоа едноставно не е за мене“, сподели Лондон.

„Колку што се чувствував убаво со долга коса и поженствени црти, сега сакам да се вратам на она што првично бев – биолошки машко.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oli London (@londonoli)

 

Loading...

Јутјуберот рече дека ја избричил целата своја коса „за повторно да стане маж“ и ги ставил сите перики на аукција на eBay за да собере средства за „донирање во добротворни организации за жени од Иран“ и „да им помогне на жените од Иран“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција може брзо и лесно да ги избрише бившите од фотографиите

Сепак, Лондон рече дека планира да престане со какви било дополнителни операции врз себе, наведувајќи ја неговата новооткриена вера во Бог и христијанството како причина.

„Се надевам дека ќе можам да живеам среќно сега кога се вратив во себе и планирам да престанам да се подложувам на процедурите за пластична хирургија на кои претходно бев подложен во моето опсесивно стремење кон совршенство“, напиша тој, „за која сфатив дека е недостижна“.

Во својата нова изјава, тој рече дека јавно ја споделува својата детранзиција во обид да допре до другите.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oli London (@londonoli)

 

„Ги поддржувам сите луѓе и ја поддржувам транс заедницата и искусив како е да се биде транс и тешкотиите и социјалната стигма со кои се соочуваат секојдневно. Само сакам да ја споделам мојата детранзиција само да им се помогне на другите кои исто така може да бидат збунети за да не поминат низ транзицијата освен ако не се 100% сигурни дека тоа е правилно за нив“, напиша Лондон.

Оли сега е маж, тој сака да се крсти и да стане посветен католик.

 

Loading...