По 23 години Куманово доби градски фудбалски клуб

Сподели со своите пријатели

Куманово по пауза од 23 години повторно доби градски фудбалски клуб со спојување на неколку веќе постоечки клубови.

Loading...

Фудбалските клубови ФК Студена вода, ФК Еуроспорт и ФК Куманово 2012 во заеднички договор одлучија да влезат во ФК Студена вода бидејќи моментално се натпреварува во највисок ранг 3та македонска лига.

Основачи на новиот клубот, освен трите постоечки клубови е и општината Куманово.

– Влеговме како оснивачи на здружението и го променивме името на субјектот во ГФК Куманово. Мораме да кажеме дека добивме и голема подршка од Градоначалникот Максим Димитриевски и Општина  Куманово кои исто така имаат оснивачи во новиот клуб од чии редови доаѓа и претседател на клубот, информираат од клубот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се помалку ученици во Куманово, иселувањето најчеста причина

Во иднина клубовите ФК Еуроспорт и ФК Куманово 2012 ќе работат со деца до 15 годишна возраст, потоа сите деца ке бидат пререгистрирани во младинска школа на ГФК Куманово каде подоцна ќе можат да конкурираат за место во сениорскиот тим.

– Очекуваме и планираме да ни се приклучат и други фудбалски школи од нашиот град и да имаме единствена младинска и сениорска екипа која ке се натпреварува во највисок ранг. Ги повикуваме сите кумановски деца кои играат фудбал во други градови,како и деца што играат фудбал во Куманово, а имаат амбиции да станат фудбалери да дојдат и да се приклучат на нашиот проект кој е добар и за фудбалот во Куманово и за нивно лично добро, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец тешко повреден во сообраќајка во Ранковце

Никола Ивановски