Што би направиле да сте заклучени во своето тело, со недопрен мозок кој работи, без никаква способост за комуниакција.
Во 1988 година Мартин Писториус од Јужна Африка бил типично момче кое сакало да се игра со разни уреди, најмногу со транзистори и телевизори.
Неговото идилично детство одеднаш го прекинала мистериозна болест. На 12-годишна возраст еден ден дошол дома од училиште со болно грло, но неговата мајка не обрнала премногу внимание на тоа, мислејќи дека ќе оздрави со малку чај и мед. Неговата состојба набргу се влошила до моментот во кој повеќе не можел да оди, стои, ниту да говори.
Лекарите претпоставувале дека заболел од криптококален менингитис, а пред да успеат да направат било што, момчето завршило во кома.
Во раниот период, кога Мартин не бил свесен за ништо, бил во длабока кома. Неговото семејство организирало посебна грижа околу него – од капење, хранење со помош на цевче, свртување.
Кога имал 16 години Мартин одеднаш се разбудил, односно станал свесен за се што се случува во неговата околина. Сепак, и натмау не можел да се помера, да комуницира со семејството или на било кој начин да им стави до знаење дека е „тука“. До тој момент минале цели осум години заробеништво во сопственото тело.
Го злоставувале во домот за немоќни!
Бидејќи немале можност за попладневна грижа за него, родителите на Мартин во текот на работното време го оставале во посебен Институт за нега.
Во посебниот документарец семејството Писториус и самиот Мартин ја откриле неговата необична приказна.
– Мразев да бидам во Центарот за грижа, беа ужасни кон мене. Мојот татко откако се разбудив и им открив се ги пријави, но тие секако негираат. Нема што не ми правеа, ме влечеа за коса, ме удираа со метална лажица по забите за да јадам. Често ми даваа врел чај, ми удираа шлаканици, се однесуваа како да не се луѓе, рекол Мартин.
Освен тоа, се жалел и на сексуално злоставување во кое една вработена во домот на неговото тело симулирала секс и го допирала по гениталиите.
– Ќе ме ставеа пред телевизор кој цело попладне работеше. Секој ден програмата беше иста, диносаорусот Барни. Боже, колку ја мразев таа емисија, се присетува тој.
„Се надевам дека ќе умреш“
ОД се што доживеал во своето тело заробен во кома, како најдобел момент се наведува она што го изговорила неговата мајка.
Имено, таа во еден момент стоела крај него, бришејќи го со крпа и набљудувајќи го неговото тело и наглас зборувала „Се надевам дека ќе умреш“.
Мартин тоа го слушнал и му се врежало во сеќавањето. Иако тогаш ужасно го растажило, денес потполно го разбира.
– Најлошо ми беше што не можев да ја прегрнам, да и кажам колку убаво се грижи за мене, колку сум и благодарен, објаснува Мартин со солзи во очите.
По бројни години, цели 12 години наводна кома, некои вработени започнале да забележуваат промени во неговото однесување, односно обиди за комуниакција.
Набргу ги зивестиле родителите дека Мартин, кога имал 25 години добил компјутер со комуникациски софтвер, со помош на кој и денес комуницира со луѓето.
Успеал да го унапреди своето движење со разни терапии, а преку интернет во 2008 година успеал да ја запознае идната жена поради кога се преселил во Велика Британија.
За него секоја година од комата носи барем некој напредок, па така во 2011 година, за прв пат успеал да врати дел од контролата над раете и гласот, а напишал и автобиографија „Ghost boy“ (Момчето дух) според која се планира и снимање филм.