По 10 години ја испрала перницата и покажа на целиот свет како изгледаат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жената се згрозила кога открила дека нејзиното момче веќе десет години не ги испрало перниците.

Loading...

Да, добро прочитавте, перниците на кои таа ја потпирала главата секоја вечер додека спиела биле недопрени цела деценија.

По одвратното откритие, неименуваната жена се скарала со своето момче, но вели дека по сите приговори, тој одбил да ги замени перниците или да купи нови.

Одлучила да ги испере, па снимила видео во кое го покажа процесот на перење на перниците, а после тоа го сподели видеото на својот профил на Тик Ток.

Ги стави перниците во кадата, која претходно ја наполни со вода, а потоа додаде таблети за миење садови, боракс и белило. По кратко триење, таа ги стави перниците во машината за перење.

Видеото, кое стана вирално на Тик Ток, беше прегледано повеќе од 1,7 милиони пати и доби илјадници коментари во кои корисниците на оваа интернет-платформа напишаа дека се зачудени од нечистотијата и не можат да веруваат дека некој може да спие на такви валкани перници.

Општо правило е дека перниците треба да се менуваат на секои две години поради хигиената, но исто така и за обликот на перницата, за да може и понатаму правилно да го поддржува вратот.

Некои перници можат да траат подолго (до 10 години, во зависност од квалитетот), и треба да ги перете на секои два до три месеци.

Loading...

 

@itsamemargieo

This was worth driving to 3 different stores to find borax #pillowwashing #cleaning #ScienceAtHome #satisfying

♬ Steven Universe – L.Dre

Leave a Reply