По 1.200 евра казни за адвокатите во случајот „Диво насеље“

Сподели со своите пријатели

Прекинато е денешното рочиште на судењето за случајот „Диво насеље“ откаок адвокатите кои ги застапуваа обвинетите за тероризам и рушење на уставниот поредок ја напуштија судницата.

На таквото однесување судиите им изрекоа парични казни во износ од 1.200 евра на адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дарвишта и Мефаил Арслани кој ја напушти судницата е ослободен од надоместот на останатите трошоци , затоа што по напуштање на салата, обезбедил присуство на друг бранител. Судењето го напуштија бидејќи како што велат немало исполнување на минималните услови за одржување на истото и бараат во судницата да бидат присутни роднините на обвинетите.

На ваквото барање судијата одговори дека тоа се просторните капацитети, дека тоа е најголемата судница која ја имаат на располагање, на што адвокатите демонстративнос си заминаа.

Ново рочиште за случајот, денеска судот закажа веќе за 8-ми март, а роднините на обвинетите денес помош побарале во косовската амбасада.

фото: Телма