Плоштадот во Скопје збогатен со уште еден споменик

Сподели со своите пријатели

Плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје од ноќва е збогатен со уште еден споменик, овој пат на албанскиот деец Неџат Аголи, пренесе МКД.МК.

Споменикот е еден од трите на албанските дејци кои беа донесени во мај годинава од леарницата во Фиренца, Италија, а сега е исправен веднаш пред објектот на Телеком во самото јадро на Скопје.

Ноќта меѓу 21 и 22 мај беа донесени два од трите споменици – Богдани беше кренат во паркот „Жена борец“, а во близина на Театарот, покрај кејот на Вардар се издигна и Багери. Иако се наоѓаат во општина Центар, за нивното поставување одговорност зема општина Чаир.

фото: МКД.МК