Последните години многу се зборува за тоа дали е оптималното здравје потребно зголемување на густинат ана коските и мускулната маса.Во поплавата разни (не)модерни методе, средства и спортови, многумина заборавија дека постои проверен, едноставен, лесен и ефтин начин да се постигне сето тоа – пливањето.
Пливањего ги ангажира сите групи мускули, така да нема да се покаете за било кој стил кој ќе го изберете, но најдобро е да се комбинираат неколку стилови, покажало едно истражување на Универзитетот во Оклахома.
Пливањето е најефикасен начин за губење килограми
Од 1.500 испитаници, 48 отсто се пределиле за делфин стилот, затоа што тој истовремено ги обликува мускулните гради, раменици и грбот. Се испоставило дека тој е подобар избор од вежбање во теретана, особено затоа што скоро и да не постои ризик од повреди.
Пливачите од двата пола биле активни три пати неделно по 45 минути, и тоа шест месеци, ар езултатите биле импозантни, што го докажало и мерењето на мускулната маса пред и по експериментот. Но, тоа што мускулната маса се зголемила, не значи дека дошло и до зголемување на вкупната телесна маса, напротив, бидејќи е значително намалено нивото на масти во организмот за дури 92 отсто од учесниците.
Пливањето, докажано е во истражување на Универзитетот Јужна Карполина, е еден од најдобрите начини за превенција на остеопороза, затоа што ја зголемува густината на коските. Остеопорозата, доведува до кршливост и мекост на косиките, а најмногу ги погаѓа жените, но, поради сеопфатноста нар езултатите, во оваа испитување учествувале и мажите подеднакво, и се поажало дека и нивните коски станале погусти за девет месеци.
Пливањето три пати неделно го јакне срцевиот мускул
Освен, тоа пливањето е препорачливо за лицата кои имаат проблеми со коските и затоа е исклучена можност за скршеници.
Ова значи дека пливањето може да го практикуваат и лица во подоцнежни години, а со оглед дека најстариот учесинк во споменатото истржаување имал 91 година, нема причини да не запливате и вие.
Пливајте само три пати неделно по половина час и ќе направите одличен тренинг кој ќе го затегне целото ваше тело.