Плинска боца експлодираше во Куманово, едно лице повредено (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен маж е повреден при експлозија на плинска боца во стан на улицата „Моша Пијаде“ во центарот на Куманово.

Loading...

Силната експлозија одекна низ центарот на градот околу 13 часот, велат очевидците.

 

 

Пламенот зафатил дел од станот, но брзата реакција на пожарникарите спречила огнот да се прошири.

– Триесетгодишен пациент е донесен со возило на Итна помош поради пукање на плинска боца со изгореници на телото и е препратен на Клиниката за пластична хирургија во Скопје поради сериозноста на повредите, велат од кумановската болница.

 

Loading...

 

Набргу откако се слушнала експлозијата пристигнале екипи на СВР Куманово, пожарникарите и Итната медицинска помош.

Никола Ивановски