Пјонгјанг најави „убиствен“ одговор на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја најави „цврст и смртоносен“ одговор на воените вежби на САД и Јужна Кореја, објави севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Loading...

Неодамнешните тестови на балистички ракети се „јасен одговор“ на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, се вели во соопштението.

„Колку подолго ќе продолжат воените провокации на непријателот, толку побезмилосно ќе им се спротивстави Корејската народна армија“, се додава во соопштението.

Стотици американски и јужнокорејски воени авиони, вклучително и бомбардери Б-1Б, учествуваа во заеднички вежби од 31 октомври до 5 ноември. Бомбардерите Б-1Б беа испратени на Корејскиот Полуостров за прв пат од декември 2017 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жена жива изгоре во метрото во Њујорк, напаѓачот уапсен (ВИДЕО)

Северна Кореја истрела десетици балистички ракети во морето за време на вежбите меѓу САД и Јужна Кореја, од кои едната падна во близина на јужните територијални води.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол го осуди како „де факто територијална инвазија“.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.