Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во поголемиот дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.
Стотици луѓе загинаа, илјадници се повредени, а илјадници згради се уништени.
Летовите на два аеродроми во Турција беа прекинати поради силниот земјотрес што утринава ја погоди Турција.
Југоисточниот аеродром во Хатај е затворен поради штетите предизвикани од катастрофата.
Запрени се и цивилните летови до и од аеродромот Газиантеп на југ.
Најмалку 42 последователни потреси се почувствувани во Турција по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтер утринава, соопшти тамошното Министерство за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Пистата на аеродромот Хатај во Турција буквално се подели на половина, а видео од уништената писта беше објавено на Твитер.
The only runway at #Hatay Airport in southern Turkey tore open during the earthquake.
Death toll #Update from #Turkey–#Syria #earthquake rises to 609, more than 2029 injured#deprem #Idlib #Syria #DEPREMOLDU #TurkeyEarthquake pic.twitter.com/lLeafqkPSw
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.