Писмо-бомба испратено до кабинетот на премиерот на Шпанија

Сподели со своите пријатели

На 24 ноември Канцеларијата на шпанскиот премиер Педро Санчез примила писмо со експлозивна направа слична на онаа испратена до украинската амбасада, шпанска фабрика за оружје и база на воздухопловните сили, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи.

Loading...

Нивото на безбедност во јавните и дипломатските згради ќе биде подигнато откако четири писма-бомби беа испратени на адреси низ целата земја, додаде Министерството.

За потсетување, денеска беше потврдено дека третата експлозивна направа за два дена сокриена во пакет била испратена во базата на шпанското воздухопловство во Торехон де Ардоз, во близина на Мадрид, главниот град на Шпанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Вчера во таа земја беа откриени две бомби.

Едната била испратен во украинската амбасада во Мадрид, а другата во компанија која произведува оружје на северот на земјата, соопшти шпанската полиција.

Првата бомба експлодирала и нанела полесни повреди на еден украински службеник.

Полицијата ја истражува поврзаноста на бомбите, иста адреса на ковертите

За потсетување, доцна синоќа полицијата потврди дека истражува можна поврзаност на две писма бомби испратени до украинскиот амбасадор во Мадрид и шпанска компанија за производство на оружје која произведува ракетни фрлачи и ги донира на Киев.

Како што јави Скај њуз, се верува дека првите два инциденти се поврзани бидејќи на двата плика во кои се наоѓале бомбите била напишана иста адреса.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Во првиот инцидент, вработен во украинската амбасада во Мадрид беше повреден кога отворил писмо адресирано до амбасадорот, поради што Киев нареди зголемени безбедносни мерки во сите свои претставништва во странство.

Украина итно ја зголемува безбедноста во амбасадите

Неколку часа подоцна, компанија за производство на оружје во Сарагоса, во североисточна Шпанија, добила сличен пакет, потврди полицијата.

По првиот инцидент, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите украински амбасади во странство „итно“ да ја зголемат безбедноста и ја повика Шпанија да започне истрага за нападот, изјави портпаролот на Министерството.

Шпанскиот висок суд отвори истрага за нападот како можен случај на тероризам, според судски извори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија