Пиштоли запленети на Табановце во возило барано од Интерпол

Сподели со своите пријатели

Во возилот барано од Интерпол, вчера на граичниот премин Табановце биле пронајдени два гасни пиштоли.

Loading...

– На 20.02.2020 во 09.50 часот на Граничниот премин „Табановце“, при извршена контрола на А.Б.(32) од Русија, со место на живеење во Германија, кој управувал патничко возило „опел“, со германски национални ознаки, било констатирано дека возилото во базата на податоци во Интерпол било предмет на потрага, односно било пријавено за украдено, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат, при преглед во возилото биле пронајдени два гасни пиштола, кои биле одземени.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply