Пионерите на ГФК Куманово обезбедија пласман во повисок ранг

Сподели со своите пријатели

Пионерите на Градскиот фудбалски клуб Куманово обезбедија прво место и пласман во повисок ранг од следната сезона.

Loading...

Како што информираат од клубот главна цел во наредната сезона ќе биде пласман во втората македонска лига на сениорскиот тим и пласман во супер лигата со младинскиот тим кој ќе се натпреварува во четири генерации.

– Честитки до сите играчи до стручниот штаб на чело со Тони Раденковиќ, честитки до управа на ГФК Куманово честитки до Градоначалникот Максим Димитриевски и советот на Општината Куманово кои имаа слух да го поржаат проектот за враќање на фудбалот во Куманово, велат од ГФК Куманово.

Никола Ивановски