Пинтерест ја ажурираше својата политика за пребарување за да спречи ширење дезинформации за контроверзното антивакционо движење.
Овој чекор следува по зголемениот број на заболени од болести кои можат да се спречат со вакцинација, што е резултат на пропагандата против вакцини која се врши на платформите на социјалните мрежи во последните години. Антивакционото лоби го застапува ставот дека вакцините се штетни и дека можат да предизвикаат аутизам.
Ажурирањето на Пинтерест значи дека корисниците и натаму можат да објавуваат содржини врзани за вакцините на своите страници, но пребарувањата поврзани за вакцинација повеќе нема да прикажуваат резултати.
– Минатата година започнавме да блокираме одредени пребарувања кои се поврзани со вакцините и лекувањето на ракот, затоа што резултатите водеа до штетни дезинформации, велат од Питерест.
Една од болестите која се враќа се малите сипаници, од кои стапката на заболување расте до 30 отсто, дури и во земјите во кои оваа болест скоро беше елиминирана.
Минатиот месец, Светската здравствена оргнаизација (СЗО) го прогласи движењето против вакцини за едно од најголемите здравствени опасности со кои човештвото ќе се соочи во 2019 година.
– Причините за овој пораст се сложени и не сите од овие случаи се предизвикани со противењето на вакцинацијата, вели СЗО истакнувајќи дека во некои земји кои биле близу елиминирање на оваа болест, морбилите повторно се вратени.
Пинтерест е меѓу неколкуте социјални медиуми и технолошки компании кои се соочуваат со ркитики поради својот удел во ширењето на антивакциналната пропаганда.
Членот на американскиот Конгрес Адам Шиф во февруари испратил писмо до директорот на Фејсбук Марк Зукерберг, барајќи неговата компанија да се позанимава со тој проблем.
– Пишувам поради загриженоста дека на Фејсбук и Инстаграм се појавуваат и препорачуваат пораки кои ги обесхрабруваат родителите да ги вакцинираат своите деца, што е директна закана за јавното здравје, пишува тој.
Фејсбук одговори дека разгледува „дополнителни мерки за да што подобро се бори против овој проблем“.
Гугл исто така неодамна објави дека работи на тоа да го ограничи ширењето на содрижини против вакцинацијата, а едно од можните решенија е во врвот на резултатите од пребарувањето да се стави панел со информации од научни извори. Ова што Пинтерест го направи за Гугл нема да биде можно без сериозни прашања во врска со цензурата.