Пијте половина литар вода пред јадење и слабејте

Сподели со своите пријатели

Ако сакате да слабеете а притоа да не се подложите на ригорозни диети, тогаш добро е да знаете дека водата може да биде клуч на успехот во процесот на слабеење.

Loading...

Според најновите истражувања во Обединетото Кралство, пиењето на половина литар вода пред јадење може многу да помогне во губењето килограми.

Во истражувањето биле опфатени 84 возрасни лица кои биле подложени на експеримент 12 недели. Секој испитаник добивал совети како да држи диета, да се храни но и да ја зголеми телесната активност.

Откако ги поделиле во две групи, на 41 лице им било наредено пред главното јадење да пијат по половина литар вода, на 43 од нив, да се прават дека се сити пред оброкот.

Оние кои пиеле вода изгубиле 1.3 килограми повеќе од оние кои замислувале дека не се гладни и така го прескокнувале јадењето.

Истотака, оние кои пиеле вода изгубиле повеќе килограми од останатите, т.е за 12 седмици изгубиле околу 4.3 килограми, пишува Дејли Мејл.

– Ако пиете само половина литар вода пред главниот оброк, и тоа трипати дневно, може сериозно да ја намалите телесната тежина. Кога во предвид ќе се земе дека овој чекор би го превземале цела година, тогаш би изгубиле уште повеќе килограми, вели Хелен Парети, испитаник од истражувањето во Обединетото Кралство.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.