Пијан кумановец усмрти 42-годишен жител на Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Четириесет и две годишниот Горан С. од Свети Николе загина, тешко повреден  е  триесет и осум годишниот С.Ѓ, двајцата од Свети Николе, во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на патот Свети Николе – Овче Поле во близината на селото Пеширово.

Loading...

Тие двајцата се возеле на мопед. Горан бил сопатник додека С.Ѓ го управувал мопедот кога од зади во нив удрил автомобил марка „пежо“ со кумановски регистарски таблички управуван од педесет и осум годишен кумановец.

Според портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила околу 20 часот и 20 минути на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле. Полициската екипа и јавен обвинител направиле увид на местото на несреќата. Бил направен и алкохолен тест на 58-годишниот возач на автомобилот „пежо“ при што е констатирано дека тој бил под дејство на алкохол.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.