Пијан кумановец си ја претепал сопругата

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец во алкохолизирана состојба вчера си ја претепал сопругата, по што бил приведен од полицијата.

Loading...

– На 10.07.2020 во 04.20 часот во Полициската станица Куманово, поради претходно пријавено кривично дело „семејно насилство“, бил лишен од слобода Р.М.С.(44), информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој, како што појаснуваат од полицијата, во алкололизирана состојба, физички ја нападнал неговата сопруга.

Р.С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply