Пијан кумановец нападнал полициски службеник

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднесе кривична пријава против 44-годишен М.И. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Loading...

Пријавениот на петти овој месе, на улицата „Патрис Лумумба“ под дејство на алкохол физички го нападнал Д.А., а при интервенција на полициските службеници тој запчнал да ги навредува, по што физички нападнал еден од нив нанесувајќи му телесна повреда.

Истиот е спроведен пред надлежните органи од страна на СВР Куманово и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.