ПИЕВ 20 ПИВА ДНЕВНО: Трезен е веќе пет години, а сега ја покажа шокантната трансформација (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кени Ден се заклучувал во бањата на семејната куќа само за да пие малку од виното што го криел таму. Тоа било време кога тој „само чекал да умре“ додека набрзина го пиел своето дваесетто пиво тој ден.

Loading...

Сепак, Кени (39) денес тешко може да се спореди со човекот каков што бил некогаш, а доказ за тоа се фотографиите кои ги сподели на петтата годишнина откако е трезен.

Во 2016 година, еден млад човек кој пиел до 20 пива дневно почнал да го документира своето искуство во борбата против зависноста, пренесува „Метро“.

За да одбележи нов период од својот живот, тој најпрвин сподели фотографија 24 часа откако ја испил последната пијачка и ги спореди со сликите на кои е денес, весел и насмеан, мускулест и среќен човек.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kenny Dunn (@sobrietycosmos)

 

Кени од Ванкувер, Вашингтон, влегол во светот на фитнесот откако престанал да пие.

Loading...

Тој вели дека споделува фотографии не само за себе, туку и за другите луѓе со надеж дека ќе ги поттикне и инспирира да се соочат со своите „демони“.

– Решив дека моите фотографии и напредок повеќе не се дел од моето закрепнување, туку потребата да споделам порака на надеж за зависниците ширум светот. Ги немам одговорите на сите прашања, но можам да ги поврзам луѓето со други како мене. Да ми кажевте пред пет години дека мојот живот ќе има толку голема смисла и дека ќе бидам толку среќен, немаше да ви верувам – изјавил инженерот за „Board Panda“.

– Најголемата разлика меѓу стариот и нов Кени е ставот. Секој ден се будам возбуден за она што следи. Дури и во навидум обичните работи можам да најдам задоволство, тоа е вистински подарок – објаснува тој.

Почнал да пие додека бил на факултет. Тогаш тежел повеќе од 150 килограми и мислел дека тоа е причината поради која развил висока толеранција на алкохол.

Кога во 2009 година пиењето станало секојдневие, неговата сопруга Џули, која ја запознал две години претходно, го молела да ја преземе контролата над својата зависност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kenny Dunn (@sobrietycosmos)

 

Loading...

Дотогаш, Кени не само што пиел околу 20 пива дневно, туку го криел виното во бањата и се заклучил таму за да го испие.

Откако една ноќ во ноември 2016 година, која ја поминал пијан, решил да стави крај на ваквиот начин на живот, побарал помош од пријател кој исто така е на рехабилитација од алкохол.

– Продолжив да пијам без намера да се опијам. Обично имав намера да испијам една или две пијачки, но се завршуваше со 20. Имав силна желба да се опијам и немав контрола над тоа. Се сеќавам дека една вечер, кога испив 19 пива за три часа, се чувствував како некој друг да управува со моите постапки. Тогаш сфатив дека ми треба помош – се присетува Ден.

Истата вечер Кени се снимил себеси на камера како вели дека е „болен“ и дека тоа го спречило „да биде добар сопруг и татко“, а се заколнал дека засекогаш ќе престане да пие.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kenny Dunn (@sobrietycosmos)

 

– Сега јас сум таткото и сопругот што отсекогаш сакав да бидам. Моето семејство повеќе не се плаши од мене, како што беше случај порано. Бев непредвидлив и имав гаден темперамент кога пиев, врескав и се онесвестив. Најтешко ми беше да се справам, бидејќи немав контрола над моето однесување, но сепак бев одговорен за своите постапки. Никогаш немав проблеми со полицијата, но имаше ситуации кога паѓав во несвест, а жената до мене плачеше. Се будев во бањата или на подот во куќата, дури и на скалите, без да имам претстава што се случило. Беше ужасно – вели Кени.

Loading...

Оттогаш животот му се подобрил значително и тврди дека е горд на тоа што станал, бидејќи доколку Кени уште пиел, мисли дека не би можел ниту да го издржува семејството.

Тој верува и дека заштедил повеќе од 36.000 долари со тоа што не трошел пари на алкохол.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kenny Dunn (@sobrietycosmos)