Пезово е ридско село на 27 километри одалеченост од Куманово, за кое постојат докази за живот уште пред 5.000 години.
Селото зафаќа површина од 13,8 километри квадратни и има надморска височина од 540 до 680 метри.
Преовладуваат пасишта, кои зафаќаат површина од околу 800 хектари, додека 406 хектари се обработливо земјоделско земјиште.
Сместено е на гребен со правец североисток-југозапад и е од растурен тип. Се граничи со селото Кутлибег од запад страна, а на југоисток со селото К’шање.
Пезово има интересна и долга историја
Подрачјето на Пезово е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Вукосија на еден километар јужно од селото. Ова наоѓалиште датира од многу периоди и денес има остатоци од ѕидини.
Друга тврдина имало на возвишението Градиште крај патот за Бељаквце.
Во минатото низ Пезово водел карвански пат за Солун.
Црквата „Св. Петка“ е изградена во XVII век.
На крајот на XIX век Пезово било македонско село во Кумановската каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пезово имало 406 жители, сите Македонци христијани.
Бугарска власт
Целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пезово имало 360 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.
Во 1907 година главниот учител во Куманово во својот извештај напишал дека селото има 78 чисто егзархиски куќи, а економската положба му е „донекаде завидна“.
Во учебната 1907/08 година според Јован Џаџи Васиљевиќ во селото работело егзархиско училиште.
Српска власт
Во 1912 година за време на Првата балканска војна во селото влегле српски единици и воспоставена е српска власт.
Тогаш почнала интензивна пропаганда за посрбување на населението.
На 27 март 1913 година српскиот секретар на општината во Малино Данило Цекиќ испратил писмо до попот Никола Иванов во Куманово со образец за молба до српскиот митрополит Викентиј Скопски, во која селаните се изјаснуват како „Срби“:
Но, Пезово денес скоро и да нема жители
Според пописот на население од 2021 година, во Пезово имало само 13 жители, од кои шест мажи и седум жени.
Сите Македонци, а живееле во шест различни домаќинства, иако во селото има вкупно 46 куќи.
Селото имало две девојчиња, едно тогаш на возраст меѓу 15 и 19 години и друго во раните дваесети години од животот.

