Петтиот бран на пандемијата на коронавирус во Јапонија исчезна речиси преку ноќ: Научниците тврдат дека вирусот се „самоуништил“

Сподели со своите пријатели

Петтиот бран на пандемијата на коронавирус во Јапонија исчезна речиси преку ноќ, што оправдано предизвика чудење кај многу научници.

Loading...

Некои научници мислат дека видот делта се мутирал на ниво на сопствено уништување.

Јапонија беше на врвот на четвртиот бран во август со повеќе од 23.000 нови случаи на ден, а неодамна тие бројки се движеа околу 170.

Многумина го припишуваат значителниот пад на високата стапка на вакцинација и јавното прифаќање за носење маски, но некои велат дека падот е единствен, особено кога се споредува со другите земји во иста ситуација.

 

 

Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе во Азија го имаат ензимот APOBEC3A, кој ги напаѓа РНК вирусите, вклучително и KОВИД-19, отколку во споредба со другите луѓе во Европа и Азија.

Loading...

Тим генетичари од Националниот институт за генетика и од Универзитетот во Ниигата започнале да истражуваат како APOBEC3A влијае на протеинот nsp14 кој се наоѓа во коронавирусот и колку може да влијае на неговите активности.

Тимот направил анализа на соевите собрани во периодот од јули до октомври годинава. Се покажале две работи: големата генетска разновидност на соевите како и фактот дека мутациите достигнале одредена точка на нивниот развој и застанале таму.

– Бевме шокирани од она што го откривме. Видот делта на коронавирусот во Јапонија е многу заразен, што пак го спречува развојот на други соеви. Но, како што почнаа да се акумулираат мутациите, веруваме дека има грешка во вирусот што тогаш веќе не можеше да прави свои копии. Но, како почнаа да се зголемуваат мутациите, веруваме дека во еден момент од неговата мутација, вирусот се придвижил кон самоуништување – рече Итуро Инуе, генетичар во Националниот институт за генетика за Japan Times.

 

 

Иновативна теорија би можела да објасни зошто бројот на новозаразени луѓе во Јапонија е толку мал, додека другите земји бележат значителен пораст на нови случаи.

Теоријата на Иноу, исто така, може да објасни што се случи со САРС во 2003 година, чиешто ширење престана самостојно.

Loading...

Познатиот научник истакнува дека во јапонската делта моментално доминираат соеви кои доаѓаат однадвор, но доколку успее да се уништи себеси, тоа би значело дека има простор за други, потенцијално поопасни соеви кои доаѓаат од други земји.

Тој ја истакна важноста на карантинот пред да се влезе во Јапонија. Запрашан дали вакво нешто може да се случи и во други земји, тој рече дека „шансите за тоа не се нула, но изгледа премногу оптимистички бидејќи не успеавме да дојдеме до докази кои би го потврдиле тоа“.