Петстотини милиони евра од ЕУ за вакцина за посиромашни трети земји

Сподели со своите пријатели

Европската унија соопшти денеска дека ќе учествува со дополнителни сто милиони евра грант во фондот Ковакс чија цел е да им обезбеди вакцина на земјите со низок или среден приход, јави дописничката на МИА од Брисел.

Loading...

ЕУ веќе се заложи да придонесе со четиристотини милиони евра за овој фонд, од денеска најавува дополнителни сто милиони евра, со што станува еден од водечките донатори за посиромашните земји.

-Јасно е дека глобалното економско закрепнување ќе биде возможно само ако безбедни и ефикасни вакцини се достапни за сите на кои им се потребни. ЕУ ја зголемува својата поддршка за Ковакс со оваа цел, изјави претседателката Урсула фон дер Лајен која учествува на Парискиот мировен форум преку видеоконференција.

Европската Комисија смета дека вакцината треба да стане глобално јавно добро за сите. Со овој дополнителен придонес, целта е да се финансира набавка од две милијарди вакцини за 92 ранливи земји во светот, посочи комесарката за здравство, Стела Кириакидес.

Фондот Ковакс е сочинет од 184 земји, од кои 92 се со низок или среден приход.

Златко Шумковски

Leave a Reply