Петрушевски реизбран за претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ Куманово

Сподели со своите пријатели

Пратеникот Бране Петрушевски е реизбран на позицијата претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Loading...

По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на вчерашната седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да му даде втор мандат .

– Благодарност за довербата, ќе дадам се’ од себе да не ја изневерам. Да се води еден од најголемите ОК на ВМРО-ДПМНЕ верувајте е огромна чест, но уште поголема одговорност. Ветувам жестоко темпо на работа, борбеност и посветеност! СЕКОЈ кумановец кој сака да придонесе во битката против оваа однародена и расипничка власт ќе биде добредојден во структурите на ОК Куманово. Повикувам на сеопшто обединување, бидејќи во прашање е опстанокот на Македонија, напиша Петрушевски на Фејсбук.

Никола Ивановски

Leave a Reply