Петрушевски: Изборите фер и демократски, очекуваме победа за Силјановска-Давкова

Сподели со своите пријатели

Фер и демократски, ваква оценка за изборите даде претседателот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Бране Петрушевски, кој истакна дека се очекува победа на нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Loading...

-Денешниот изборен ден на територија на Општина Куманово која ја покриваме како општински изборен штаб, генерално помина во една демократска и фер атмосфера, без да бидат забележани големи или посериозни нарушувања на изборниот процес. Она што можеме како општински изборен штаб и на Гордана Силјановска Давкова да го истакнеме во моментов, од првичните резултати кои ни пристигаат и нашите анализи, очекуваме убава победа во Општина Куманово, Бране Петрушевски.

Изјава се обидовме да добиеме и од претседателот на СДСМ Куманово Мартин Костовски, но не креваше на нашите повици.

Засега кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски води во Општина Куманово, според официјалните податоци на ДИК.

Leave a Reply