Петрушев: Инцидентот на гасоводот наликува на претходни акции на ЦИА

Сподели со своите пријатели

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев, денеска изјави дека саботажата на гасоводот „Северен тек“ потсетува на претходниот напад врз нафтената инфраструктура во Никарагва во 1983 година, кој беше поддржан од американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), пренесува Ројтерс.

Loading...

Гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, кои минуваат низ Балтичкото Море од Русија до Германија, беа прекинати минатиот месец во, како што рече Москва, акт на меѓународен тероризам.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги обвини САД и нивните сојузници за инцидентот со „Северен тек“, обвинение што Вашингтон го отфрли.

Европската унија објави дека големите протекувања во гасната инфраструктура биле предизвикани од саботажа.

Секретарот на Советот за безбедност на Русија во својата изјава експлицитно ја именуваше ЦИА.

– Да потсетам дека слична ситуација се случи и во 1983 година. Во тоа време диверзанти регрутирани од ЦИА организираа напади на Никарагва, што, меѓу другото, доведе до детонација на нафтовод во едно од пристаништата, изјави Патрушев, близок соработник на Путин.

Патрушев минатата недела рече дека Западот има историја на напади врз гасоводи. Русија постојано повторува дека Вашингтон ќе има корист од инцидентите на „Северен тек“, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека САД ќе можат да ги зголемат цените и продажбата на течен природен гас (ЛНГ) по истекувањето на гасоводот.