Петровиќ: Им честитам на моите момци и покрај сите проблеми тие се херои денеска

Сподели со своите пријатели

„Им честитам на моите момци и покрај сите проблеми тие се херои денеска“, рече тренерот на Кошаркарскиот клуб Куманово, кој денеска претрпе пораз во рамките на 19. коло од домашниот шампионат, од страна на вицепрвакот МЗТ Скопје Аеродром со резултат 72:76.

Loading...

– Собравме сили и покрај сите проблеми што ги имаме, да одиграме натпревар на една топка да одлучи. Имавме водство на минута пред крај, меѓутоа една грешка во одбрана не чинеше, мислам дека на преземањето Пенов се лизна, Бојиќ даде кош и потоа се беше на топка, на Пенов не досудија фаул на пола кош за нас, тие дадоа и контра. Им честитам на моите момци и покрај сите проблеми тие се херои денеска. Мислам дека ваков епилог не заслуживме во првенството, но тоа е, одиме понатаму, ќе се бориме имаме натпревар во вторник во Кавадарци, мислам дека тој одлучува, тој е важен. И пред првенството кажавме дека влезот во шест би бил голем успех, меѓутоа оваа екипа имаше шанси да биде и меѓу четири, меѓутоа и покрај сите проблеми пак ќе повторам дека оваа екипа ова не го заслужи, изјави Петровиќ.

Петровиќ емотивно го доживеа поразот од МЗТ, но сепак ја пофали играта на помладиот дел од клубот.

– Денеска Мартин Ѓорѓиевски одигра една извонредна партија, само честитки нека продолжи така, но мислам дека овие момци и клубот од целиот град, фала и на публиката што дојде денеска, треба да имаат поголема поддршка, додаде Петровиќ.

КК Куманово моментално се наоѓа на седмата позиција во табелата, а во завршниот дел од првенството влегуваат првите шест. До крајот има уште три натпревари, од кои следниот го игра веќе во вторник против Фени Индустри од Кавадарци.

Leave a Reply