Младиот дух на Куманово немаше сили за искуството на МЗТ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен претрпеа пораз од составот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 72:76.

Loading...

Првата четвртина се играше со скоро израмнет резултат, иако гостите имаа блага предност. Така и звршија првите десет минути на паркетот кога МЗТ имаше водство од 3 поени, односно резултат 18:21.

И покрај фактот дека Куманово се држеше и во втората четвртина, сепак мрежата на нивниот кош прими повеќе топки, па на полувреме се замина со 37:49.

Третата четвртина избраниците на тренерот Александар Петровиќ експлодираа. Преку брза игра и многу шутеви, особено тројките на Мартин Ѓорѓиевски стигнаа до предноста која толку ја исчекуваат сите присутни во салата. Запишаа 24 поени наспроти скромните седум на гостинскиот состав и во последните десет минути игра влегоа со предност од 61:56.

Последните минути од играта беа напнати, иако на шест минути пред звукот на сирената МЗТ „воскресна“. Сепак домаќинот не се даде лесно, па веќе на две минути пред крајот имаа израмнет резултат со 70:70. Искуството во редовите на МЗТ го победи младиот дух кој владее во Куманово со краен резултат 72:76.

Со 16 поени најефикасен кај кумановци беше Игор Пенов, поен помалки запиша Адем Мекиќ, додека со 12 поеи мечот го зврши Бранислав Ѓекиќ.

Во составот на победникот со 19 поени поентер на мечот беше Андрија Бојиќ, а со еден помалку на листата стрелци е и Дамјан Стојановски.

Leave a Reply