Пет нови и два сомнителни случаи на коронавирус во Македонија

Сподели со своите пријатели

Пет нови случаи на коронавирус денеска се регистрирани во земјава.

Loading...

Како што информираше министерот за здравство Венко Филипче, станува збор за лица од Скопје и Дебар.

Една пациентка која дошла ноќта помеѓу 12ти и 13ти дошла со летот од Виена, таа патувала од Холандија, била во домашна изолација и сега се бараат 31 патник кои слетале со тој авион во Скопје. Пациентката е од Скопје и таа е веќе хоспитализира.

Четворица други од контактите од Дебар исто така се заболени, тие се таму и ќе се лекуваат во домашни услови согласно нивната состојба и системот на ротација и контрола од страна на експертите, информираше Филипче.

Уште два случаи се регистрирани како сомнителни на клниката Жан Митрев во Скопје. Сепак за овие две лица допрва ќе се тестираат и во Инфективната клиника во Скопје за да се потврди нивниот статус.

Никола Ивановски

Leave a Reply