Петмина кумановци добија награди од „Мој ДДВ-Моја награда“, но никој со месечната премија

Сподели со своите пријатели

Во наградната игра „Мој ДДВ-Моја награда“ која ја организира Министерството за финансии и Државната лотарија, петмина кумановци освоија награди од дневните извлекувања.

Loading...

Двајца добија по две илјади денари и тројца по илјада денари.

Во извлекувањата на 31.12., 1.01. и 02.01 наградени се:

Шенаси Џељадини Куманово – 2000 денари,

Славица Јанчиќ Куманово – 2000 денари

Павлина Димковска Куманово – 1000 денари

Ангела Јосковска Куманово – 1000 денари

Арменд Адеми Куманово – 1000 денари.

Loading...

Најсреќните 15 граѓани од целата држава кои од 15 до 31 декември лани скенирале фискални сметки, вчера добија по 100.000 денари на вчерашното јавно извлекување на Канал5, меѓу нив нема ниту еден кумановец.

Во првото коло на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда учествуваа 132.261 граѓанин, коишто скенирале вкупно 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.

Шест од наградените се од Скопје, по двајца од Штип и Велес, и по еден награден од Кавадарци, Кочани, Битола, Велес, Вевчани и Крива Паланка. Листата на добитниците ќе биде објавена во рок од три дена од извлекувањето на  https://loto.mk/MojaNagradaRezultati .

По почетокот на  МојДДВ #МојаНаграда, во декември се зголемија бројот на скенирани сметки и наплатениот ДДВ во однос на претходниот месечен просек од јули до ноември. Така на пример во декември бројот на скенирани сметки е за 53% повисок во однос претходниот месечен просек, додека наплатениот ДДВ од фискалните сметки е за 59% повисок.

Најмногу сметки на дневно ниво биле скенирани на 31 декември или 559.417 сметки. Тоа е двојно повеќе од просечното дневно скенирање на сметки, сметано од 1.јули. Дента пред новогодишната ноќ бил направен промет од 311.715.569 денари или повеќе од 5 милиони евра, за кој бил наплатен ДДВ во износ над 530 илјади евра. Само за скенираните сметки на ден пред Новата година, граѓаните ќе добијат поврат на ДДВ од 15 проценти во износ од 80.000 евра.

Граѓаните кои учествуваат во наградната игра МојДДВ #Моја награда не само што имаат можност да добијат една од 3.852 парични награди, со вкупен фонд од половина милион евра, туку и секои три месеци добиваат поврат на ДДВ и што е најважно, придонесуваат во борбата против сивата економија.

Leave a Reply