Петковски: Во тек е реконструкција на кровот, а во следниот период целосно ќе ја реконструираме спортската сала

Сподели со своите пријатели

„Во тек е реконструкција на кровот, а во следниот период целосно ќе ја реконструираме спортската сала“, рече денеска на прес конфренција кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, Дарко Петковски.

Loading...

Како што рече тој, во изминатите четири години многу се инвестира во спортот и спортско рекреативни капацитети, а од граѓаните бара поддршка во наредните четири години Куманово да го добие стариот сјај на „Град на спортот“, кој ги спојува сите.

– „За наше Куманово“ има план и визија како да ја реализираме оваа цел. Во тек е реконструкција на кровот, а во следниот период целосно ќе ја реконструираме спортската сала.  Исто така, завшена е првата фаза од реконструкција на Соколана, по што следува и целосната реконструкција на објектот и партерно уредување на целиот комплекс.  Ќе го реконструираме градскиот стадион, за полни трибини и нови спортски победи, изјави Петковски.

 

 

Петковски најави изградба на нови и модерни спортски терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште, но и во секоја урбана или месна заедница каде во моментов нема.

– Ветуваме дека по победата на локалните избори ќе следува и целосна реконструкција на спортски комплекс во поранешен Дом на АРМ, со мултифункционално игралиште со тартан подлога, спортска опрема и реквизити, како и реконструкција на трибини. За љубителите на трчањето, ќе изградиме трим патеки за трчање со тартан подлога по должина на градскиот кеј. Но, и изградба на трим стази за трчање и пешачење на повеќе локации во градот. Двете страни од градскиот кеј ќе добијат отворени фитнес зони, вели тој.

Loading...

Изградба на мини аквапарт во склоп на отворениот и затворен градски базен, најави денеска петковски, како и изградба на скејт парк во близина на комплексот.

– Преку зголемување на буџетот за спорт ќе продолжиме да даваме поддршка за развој на спортот и спортските клубови преку Општински сојуз на спортови. Ќе организираме спортски активности и натпревари на локално, национално и интернационално ниво. Ќе ги стимулираме индивидуалните спортови и ќе го јакнеме и развиваме училишниот спорт, затоа што спортувањето е еден од најважните фактори за развој на здрав организам уште од најмала возраст, изјави Петковски.

Развојот на Куманово, вели тој, е возможен само со Граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, бидејќи, додава, е вистински избор со реална и остварлива програма.

Петковски ги повика граѓаните на 17ти октомври да излезат и да дадат поддршка на бројот 80 и бројот 61.

Никола Ивановски