Петковски: Куманово продолжува да биде општина на сите нејзини граѓани без разлика на различностите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во идниот совет на општина Куманово Стефан Петковски, денеска одржа прес-конференција, на која информираше за проектите кои треба да се имплементираат во следниот мандат во делот на транспарентноста и отчетноста на општината.

Loading...

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

 

 

„Куманово било, е и ќе продолжи да биде општина на сите нејзини граѓани, без разлика на етничката, политичката или каква било друга различност.

Општина Куманово е институција која подеднакво се грижи за секого. Ги решава предизвиците, го подобрува квалитетот на живот на кумановци и го развива Куманово во поубаво место за живеење.

Во изминатите четири години се покажа како општина која работи исклучиво во граѓанскиот интерес. Со домаќинско работење општината стана дел од
групата институции кои имаат највисок процент на транспрарентност и отчетност во својата работа.

Loading...

На 17-ти октомври, граѓаните го препознаа нашиот граѓански пристап. Ни дадоа поддршка вистинските локални политики да продолжиме да ги имплементираме за пофункционална општина.

Како иден советник во општина Куманово силно ќе се залагам за продолжување на тој пат за создавање отчетна и одговорна општина за секој еден кумановец.

По големата победа на 31-ви октомври, имаме за цел да продолжиме да бидеме пример во државата за правилно водење на општинските ресурси и
трошење на општинскиот буџет, постапките на спроведување на капитални, инфраструктурни проекти и јавни набавки, како и транспарентен, правичен
и објективен начин на распределба на средствата кои одат директно кај граѓаните, преку поддршка и вложување во развој и реализација на нивните
таленти.

Во следниот мандат ќе креираме инклузивна веб-страница на Општината за лицата со попреченост да имаат пристап до информации, модернизација и
редовно ажурирање на сите информации од јавен интерес Мораме да бидеме вистински сервис на граѓаните и затоа следува засилена двонасочна комуникација на Општината преку социјалните медиуми со граѓаните, каде граѓаните секојдневно ќе следат и ќе се информираат за сите активности, проекти и сите настани на локално ниво.

Нашиот план е одржување на прес-конференции за новинари со отчет за работењето на Општината и јавните служби. На овој начин, граѓаните ќе бидат запознаени и ќе ги имаат во увид сите информации кои се важни за процесот на работа на општината. Навремената информација е клучна за градење доверба со граѓаните и поради тоа продолжуваме со информирање на граѓаните за секоја значајна активност на локално ниво.

Во проектите предвидуваме издавање на Општински весник со реализирани активности, проекти и актуелни случувања и Општински гласник.

Ќе организираме разни форуми на јавни средби и ќе воспоставиме двонасочна комуникација со граѓаните

Во наредните четири години имаме за цел да отвориме канцеларија, Инфо центар која ќе значи услуга на едно место во рамки на општината. Тука, граѓаните ќе ги добиваат сите потребни информации кои се во надлежност на локалната власт.

Loading...

Следува и организирање на отворени денови со граѓаните, панел дискусии, младински форуми за младите да можат да ги кажат своите идеи

Но, покрај сето ова, граѓаните ќе можат да ни испраќаат и предлози, поплаки, барања за актуелни проблеми преку нова веб-апликација и мобилна апликација

На 31-ви октомври, изборот е едноставен. Сакаме да работиме посветено за пофункционална општина и за задоволни граѓани. Сакаме да работиме за секој еден граѓанин без никакви поделби.

Кумановци мора да имаат функционална општина која ќе работи за сите граѓани. Во недела, Кумановци повторно ќе ни ја дадат довербата затоа што нашиот концепт делува граѓански, без притисоци, без лични агенди. Нашиот концепт се залага за многу работа, за делување во граѓански интерес, за обединети граѓани кои сакаат заеднички да придонесат за поубав и похуман град. Нашиот концепт не значи поделби.

Ајде, заеднички во недела да ја донесеме големата победа на кумановци! Ајде заеднички да го направиме животот поубав на кумановци! Тие заслужуваат подобар квалитет на живот!

На 31-ви октомври бројот 80 е победнички!“,