Пет улици без вода, интервенција на канализациска мрежа на три локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет улици во текот на денешниот ден во Куманово ќе бидат привремено без вода, поради дефекти во мрежата, додека пат на три локации ќе се одвиваат интервенции на канализациска мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода ќе бидат дел од улиците: „Никола Тесла“, „Вардарска“, „Борис Кидрич“, „Србо Томовиќ“ и булеварот „Октомвриска револуција“, м.в. Бавчи.

Интервенција на канализациска мрежа, според РЦУК, ќе има на улиците „Михајло Пупин“, „Благој Илиев Гуне“ и булеварот „Октомвриска револуција“ на потег со улицата „Ѓорче Петров“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на нормализирање на состојбата.

Никола Ивановски

Leave a Reply